-->
-->
Валенсија, Малме и Макаби во ЛШ
-->
Валенсија го елиминараше во плејофот минатосезонскиот четвртфиналист Монако, иако во Франција загуби со 2:1. Шпанскиот тим на првиот меч славеше со 3:1 и со вкупни 4:3 се пласира во главната рунда.
Шпанија, по пласманот на Валенсија во фазата по групи стана првата земја која во Лигата на шампиони има пет тимови, откако претходно своето место меѓу елитата го обезбедија Барселона, Реал, Атлетико и Севилја како победник во Лига Европа.
Пласманот на Валенсија го најави Алваро Негредо кој постигна велемајсторски гол во четвртата минута. Шпанскиот репрезентативец со брилијантен лоб удар го совлада Субашиќ. До крајот на полувремето израмни Раџи, а конечниот резултат го постави Елдерсон во 75.минута.
Динамо и во вториот меч славеше над Скендербег и со вкупни 6:2 го мина плејофот. Два гола постигна Алжирецот Судани, а по еден Хоџиќ и Таравел, додека единствениот гол за албанскиот шампион е дело на Ескердиња.
Шахтјор имаше многу проблеми со Рапид Виена, а клучна за пласманот на украинскиот шампион беше минималната победа во првиот меч (1:0). Во реваншот Шахтјор поведе преку Марлос, а потоа Рапид направи пресврт преку Шауб и Хофман, а конечниот резултат го постави Гладкиј. Рапид во финишот промаши две големи шанси за победа.
Макаби и Базел одиграа 1:1, но израелскиот тим ќе игра во главната фаза бидејќи постигна повеќе голови на гостински терен, првиот меч во Базел заврши со резултат 2:2. Вистински херој на Макаби е Зехави кој ги постигна сите три гола во двомечот со Базел.
Малме втора година по ред ќе игра во фазата по групи, откако успеа да го елиминира Селтик. По поразот во првиот меч од 3:2, Малме на домашен терен славеше со 2:0 со головите на Розенберг и Бојата (авто гол).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Јаневска: Дел од приватните факултети штанцаат дипломи – тоа е јавна тајна
-
Во 22 од 34 општини нема минимум зеленило според законските стандарди, покажа ревизорскиот извештај
-
Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам
-
Преглед на вестите од светот
-
12 години затвор за Васил Јованов, таткото на Фросина ја напушти судницата
-
Таравари оди во опозиција - Кој ќе го земе Министерството за Здравство?
-
Јаневска: Јавна тајна е дека дел дипломите кои ги добиваат студентите не се заслужени
-
Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата