-->
-->
Вакво нешто досега не сте виделе: Поларна мечка шета по смртоносна руска подморница, а причината е загрижувачка
-->
Гладна поларна мечка стигна до една од најсмртоносните машини на овој свет, во потрага по храна - руската подморница која пренесува нуклеарни проектили.
Мечката е сликана како скокнала врз подморницата недалеку од норвешкиот град Свалбард. Малку душкала околу пловилото, а на посадата и рекле да остане внатре.
Ова не е првпат поларни мечки да се гледаат како претураат по ѓубре или шетаат по невообичаени територии, зошто се гладни. Се смета дека климатските промени се една од причините за недостаток на храна.
Сепак, новинарката од Национална географија која ја сними оваа глетка, вели дека можно е мечката едноставно да е стара, болна или повредена, и дека „не може туку така да се каже дека е изгладнета поради климатските промени“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски