Вакцините против грип се очекува да пристигнат идната недела
Вакцините против сезонски грип кои се производ на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“ се очекува идната недела да пристигнат во државава. Согласно препораките на Комитетот за имунизација, временската рамка за вакцинација е почетокот на ноември, информираат за МИА од Министерството за здравство.
Посочуваат дека вкупно се набавени 40.000 дози на четири типни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација на следните дефинирани ризични групи: лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од шест месеци до пет години.
Веднаш по пристигнувањето на вакцините ќе започне и закажувањето на термините. Сезонската имунизација против грип во Здравствен дом – Скопје ќе се одвива во поликлиниките Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански.
Измунизацијата ќе биде со упатување од матичен лекар преку системот „МојТермин“ во период од 14 до 19 часот. Kомерцијалните вакцини против сезонски грип ги набавуваат центрите за јавно здравје, каде и ќе се врши вакцинирањето. Центарот за јавно здравје Скопје ќе набави 4000 вакцини, а цената на една вакцина ќе чини 800 денари, потенцираат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест