В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје информира дека в недела од 8:30 до 10:30 часот поради одржување улична трка на 10 километри ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот.
Како што информира МВР, трката ќе почне со стартна позиција на бул.„Илинден“ – локација „Фонтана“, а натпреварувачите ќе се движат по булевар „Илинден“ до крстосницата со улицата „Никола Парапунов“, потоа до крстосница со булевар „Партизански Одреди“, десно (во десниот коловоз кон населба Ѓорче Петров) до мост Влајко каде што вртат полукружно и назад по истиот коловоз до крстосницата со улицата „Љубљанска“ каде што вртат полукружно и по истиот коловоз се враќаат назад на улица „Никола Парапунов“ и по булевар „Илинден“ до целта на локација - Фонтана на бул.„Илинден“.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива настанот.
Ново на Сител
-

Рушење и експропријација, Штип добива нов урбан изглед
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, политички аналитичар
-

Водостоите на реките намалени, состојбата се стабилизира
-

Повторените избори во Врапчиште и Гостивар ќе го претумбаат албанскиот блок
-

Седница на Влада по повод Ден на албанската азбука - јазикот обединува, не разделува
-

Стојков: Признанието од МАНУ е за Македонците во Бугарија
-

Трамп: Крајот на руско-украинската војна е близу
