Таа во четвртокот вечер од прозорецот во својот стан ја снимала бурата, а потоа гром и го погодил телефонот и и го турнал од рака. Телефонот продолжил да снима, а во позадина на снимакта се слуша Трејси како неколкупати повторува дека само што ја погодил гром.

„Сакав да го снимам облачното небо, надевајќи се дека ќе фатам некој молња, но не мислев дека ќе ме удри мене. Молњата удрила во продолжението за држење на маската на мојот телефон. Мислам дека тоа ми го спаси животот инаку телефонот ќе експлодираше“, рече Трејси.
„Навистина, ми експлодираше сијалицата во кујна“, рече таа и додаде дека по ударот чувствува болки и прободување во левата рака.
„Немате поим колку е силна молњата, се уште чувствувам болка од малиот прст до лактот. Кога ме удри изгледаше како некое силно сино светло. Животот ми прелета пред очи, го фрлил мобилниот и почнав да врескам“, рече Трејси.

