Утрово многу ниски температури - еве каде е најстудено
Времето во Македонија е насекаде е облачно, освен во Гевгелија и Лазарополе каде е сончево, а во Маврово и Крушево има појава на магла со ограничена хоризонтална видливост до 50м. Дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура утрово се движеше од -15 во Маврово, -14 Лазарополе, -11 Крушево и Крива Паланка, -10 Берово, -9 Ѓуриште, -8 Пожаране, Прилеп и Тополчани, -7 Струмица и Штип, -6 Скопје, Охрид, Куманово, Битола и Дебар, -4 Тетово, Претор и Виница, до -2 во Дојран, Гевгелија и Демир Капија.
Претпладне во поголем дел од земјава ќе има зголемена ниска облачност, а попладне ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -4 до 2 степена.
Во Скопје претпладне значително облачно, попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.
Висината на снежната покривка се движи од 3 сантиметри во Прилеп, 5 Дебар, 6 Штип, 10 Струмица, Кр. Паланка, Тополчани, 18 Скопје Д. Капија, 25 Берово, 28 Тетово, Битола, 30 Крушево, 45 Ѓуриште, 49 Пожаране, 50 Лазарополе, до 69 во Маврово.
Утре и во сабота ќе преовладува претежно сончево и тивко време со пониски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и под -15 степени, додека дневните ќе бидат во благ пораст. Претпладне по одделни котлини ќе има ниска облачност и можна појава на ретка магла. Од недела ќе има извесно зголемување на облачноста.
Ново на Сител
-
Дали електричните возила ќе ги натераат скопјани да ги продадат сопствените автомобили?
-
Кочанчани на протест заради депонирање на отпад од соседните општини
-
Центри за ментално здравје
-
Преглед на вестите од светот
-
Перински ги почна консултациите за измените на законот за локална самоуправа
-
Штипски „Исар“ ќе ги намалува загубите на вода со инсталација на СКАДА системот
-
5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
-
Преглед на вестите од светот