5 жртви на подрачјето на СВР Охрид
264 сообраќајни несреќи, вкупно 5 жртви и 231 лице здобиено со тешки телесни повреди оваа година покажуваат статистичките податоци на охридската полиција.Овие бројки укажуваат дека потребно е зголемување на степенот на сообраќајната безедност и подобрување на сообраќајната култура, крајно внимателно управување на автопатот во изградба Кичево Охрид бидејки токму две од погинатите лица се на овој автопат кој претставува црна точка на патишатата.
Една од причините за несреќите е непочитување на сообраќајните правила и прописи а останатите се користење на мобилен телефон и неприлагодување на брзината на движење. Од СВР апелираат до охриѓани и туристите во пресрет на Новогодишните и божиќните празници поради зголемениот број на возила да бидат крајно внимателни и да ги почитуваат сообраќајните знаци.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар