Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија.
Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата се уште не е утврден.
На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН.
Од Бањалука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД.
За нејзиното обраќање, како и за сите други, ќе се одлучува пред почетокот на седницата со гласање на членките на Советот за безбедност на ОН.
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачич, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина на барање на Русија.
Ново на Сител
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот