Утре е Крстовден - празник на пост и покајание

На Крстовден се слави крстот како символ на победата над светската суета, симбол на смирениот бунт на внатрешниот човек. Именден слават Крсто, Крстана, Кристо, Кристина, Кристијана...
Воздвижение на чесниот Крст или само Крстовден — голем христијански празник од есенскиот циклус, еден од 12 големи празници, којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 27 септември по стариот календар. Крстовден е празник на пост и покајание.
Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. На овој ден верните се потсетуваат на распнатиот Богочовек, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него.
За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек.
Празникот Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан и се припишува на царицата Елена, мајката на цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол).
Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов. Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов но таму нашле три крста бидејќи во близината на Христовиот гроб биле и гробовите на двајцата разбојници што биле распнати во исто време.
Тогаш се појавил проблем што не можеле да дознаат кој од трите е Христовиот крст. Во тоа време минувала погребна поворка и царицата Елена наредила мртовецот да се стави на трите крстови. И се случило чудо. На еден од нив мртовецот оживел. Тоа било знак дека тоа е бараниот крст врз кој бил распнат Исус Христос.
За тоа разбрале жителите на Ерусалим и потрчале да го видат крстот. Но од големата турканица што се создала не можеле да го видат. Тогаш владиката ерусалимски Макарие неколку пати го кревал и го спуштал крстот вртејќи се на сите четири страни. Во тоа време народот се крстел и пеел „Господи помилуј".
Празникот Воздвижение на чесниот крст е строг пост.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
