Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите

Главниот командант на украинската војска, генерал Олександер Сирски, денеска изјави дека од 17 до 20 март се засилиле „непријателските офанзивни дејствија“.
„Противникот се обиде истовремено да ги пробие одбранбените линии на нашите сили на неколку стратешки правци. Жестоки борби се водеа по должината на целата линија на фронтот“, наведе Сирски во порака на Телеграм.
Според генералот, во текот на четирите дена имало „619 јуришни акции“ на руската војска, но „цената на тој офанзивен обид била катастрофална за агресорот“.
„И покрај огромниот притисок и ангажирањето на значителни резерви, руската команда не успеа да ги изврши своите задачи“, додаде тој.
Украинската војска ги проценува руските загуби на „6.090 загинати и ранети војници“ за четири дена. Таа бројка не може да се провери од независни извори, пренесе парискиот весник „Монд“.
Борбите продолжуваат на некои делови од фронтот, а Русите „се подготвуваат да ги продолжат нападите сметајќи на влошување на временските услови“, наведе украинскиот генерал.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
-

Папата: Не молчете пред светските конфликти
-

Орбан свика вонреден совет за одбрана откако експлозиви беа пронајдени во Кањижа
-

Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10 отсто ќе продолжи до крајот на кризната состојба
