Утре без струја неколку скопски општини
Утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од неколку улици во општините Илинден, Центар, Ѓорче Петров и Карпош.
Како што информираат од РЦУК-Скопје, без струја во периодот од 07.30 до 15.30 часот ќе бидат објектите лоцирани во индустриската зона Марино, Гранд Експорт, Текспорт, Хавел, Тосама Трејд, Розенберг, Пламтекс, Метал Солушн, Монмар, стамбените објекти на Унија Клуб со околните куќи, објектот на Два Брата Градители лоциран на улица „534“, објектите на КАМ Маркет, Спортската сала, модуларното училиште и градинката, како и корисниците од улиците број 501, 502, 503, 505, 506, 508, 509, 510, 517, 526, 528, 529, 531, 532, 533, 534, 535 и 537 во општина Илинден.
Во општина Центар во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе останат, корисниците од улица „163“ и улица „164“ во населба Крњево. Во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од улиците Филип Кљајиќ и Малешевска, општина Кисела Вода, од 9 до 14 часот, корисниците од улиците „Корушка“ и „Драгутин Аврамовски Гуте“, како и дел од корисниците од улица „Иван Цанкар“, во општина Ѓорче Петров, од 9 до 15 часот, корисниците од улица „Сердарот“, дел од корисниците од улица „Нагоричанска“, во Кисела Вода, како и корисниците од ул. „Букурешка“ од број 30 до број 57 во општина Карпош.
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари