Усвоен Буџетот за 2017 година на општина Пробиштип

Советот на општина Пробиштип денеска го усвои буџетот за 2017 година.
Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски, кој денеска го презентираше буџетот, вели дека според проекциите основниот буџет за наредната година во рударската општина Пробиштип ќе изнесува над 205 милиони денари. Средствата кои ќе се приберат од наплатата на данокот на имот, продажба на градежно неизградено земјиште и од концесискиот надомест фирмата „Булмак“, која годинава го рестартираше рудникот Злетово.
- Буџетот за наредната 2017 година е малку помал во споредба со тековната 2016 година. За 2016 година беше 209 милиони денари. Меѓутоа, ние како општина се трудиме секогаш да биде димензиониран реален и токму затоа го предвидовме и овој буџет, рече Тоневски.
Тој истакна дека за наредната година се предвидени околу 50 милиони денари за асфалтирање на улици и локални патни правци во општината, а веќе за дел од нив е и почната тендерската постапка, а со почетокот на градежната сезона ќе почне и нивното асфалтирање.
- Овде ќе бидат улицата „11 Ооктомври“, која почна да се гради, потоа улицата „Гоце Делчев“, улицата „Славко Бајат“, неколку улици во Злетово во должина од еден километар. Во должина од еден километар ќе се асфалтираат и улици во селото Пробиштип, има еден дел во селото Пробиштип, каде што неможе да се асфалтира, таму ќе бидат поплочени тие улици, ќе се асфалтираат и улици во индустриските зони, каде што има лесна и незагадувачка индустрија, ќе се реконструира патниот правец за селото Стрмош, како и патот меѓу Долни и Горни Стубол и асфалтирање на патот за село Јамиште, појасни Тоневски.
Градоначалникот на Пробиштип забележа дека за наредната година предвидени се и средства за изградба на улици и во неколку села. Смета дека 2016 година е успешна за Пробиштип, бидејќи се раелизираа низа инфраструктурни инвестиции во градот и селата, се рестартираше и рудникот „Злетово“ и се стави камен темелникот за изградба на леарницата во новата индустриска зона Неокази. Инвестиција од околу 15 милиони евра, во која се очекува да се вработат над 200 лица.
Ново на Сител
-

Регулаторната комисија ги намали цените за пренос и дистрибуција на електрична енергија за 2 до 3%
-

Филипче: СДСМ спреми нови бомби, ја повикуваме Ковеши да ја посети Македонија за да ги види злоупотребите
-

Охрид доби културно-туристички водич
-

Преглед на вестите од светот
-

Што ќе значи политичката ситуација во Бугарија во дијалогот со Македонија?
-

Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
-

Обвинетите пречекани со ликот на жртвите од Пулс - родителите гневни што никој не чувствува вина
-

Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ, проблем е застарениот систем на УЈП
