Уставниот суд поведе постапка за измените на Законот за помилување
Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година.
Според измените и дополнувањето на Законот, претседателот на РМ помилување не може да даде на лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето од Глава 16 од Кривичниот законик, за кривични дела против половата слобода и половиот морал од Глава 19 од Кривичниот законик сторени спрема деца и малолетни лица, кривични дела против здравјето на луѓето од Глава 21, за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 и кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од членот 216 и за кривични дела против човечноста и меѓународното право од Глава 34 од Кривичниот законик. Претседателот на РМ не може да даде помилување на лице државјанин на Република Македонија кое издржува казна во Република Македонија, а е осудено со пресуда на меѓународен кривичен суд.
Судот смета дека со измените и дополнувањата на Законот законодавецот ги надминал уставните рамки определени со членот 84, алинеа 9 од Уставот, каде што е определено дека претседателот на РМ дава помилување во согласност со закон.
Меѓутоа, како што велат од Судот, помилувањето кое е регулирано со Законот за помилување од 1993 година нема никакви рамки од аспект на тоа осудените лица за кои кривични дела треба да бидат помилувани, а кои не треба да бидат помилувани.
Оттука, додаваат од Судот, се извлекува заклучокот дека таа листа на кривични дела со кои се впуштил законодавецот со измените на Законот влегол во нормирање на ингеренциите на претседателот на РМ.
Судот денеска поведе постапка за уставноста на Законот, а во втората фаза на друга седница на Уставниот суд ќе донесе мериторна одлука за оваа законска одредба.
Денешната одлука за поведување подтапка е донесена со мнозинство гласови од вкупниот број на судии.
Иницијативата е поднесена од адвокатот Ристо Китевски од Скопје.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на митинг во Богданци
-
СДСМ вечерва на митинг во Ѓорче Петров
-
Тема на денот со Маја Мојсова, кандидатка на СДСМ за Карпош
-
Шаини: Мојата сопруга не стои врз мојот обид за убиство
-
Битолскиот суд одби да го стави Марковски во притвор
-
Обвинетиот кој со мотор усмрти пешак призна вина
-
Кандидатите за градоначалници за Скопје со бројни ветувања за подобар град
-
Партиските изборни карвани со нови ветувања за поубави општини