Уставен суд ги отфрли иницијативите за распуштање на Собранието
Уставниот суд на денешната седница ги отфрли иницијативите на претседателот на ДС Павле Трајанов и на Тодор Петров за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.
Судот, како што појаснуваат оттаму, не навлегува во тоа дали Одлуката е уставна или не, не ја анализира од уставен аспект, сметајќи дека таа се однесува на конкретно Собрание, а не на собранија воопшто како институции на државен органи и од тие причини ги отфрлени иницијативите.
Судот не влезе во мериторно одлучување за Одлуката, бидејќи не е надлежен за оценка на уставноста на конкретни и поединечни акти.
- Одлуката е конкретен поединечен акт, а не закон, пропис или друг општ акт, кои можат согласно членот 110 од Уставот на РМ да бидат во надлежност на одлучување на Судот, појаснуваат од Судот.
Одлуката за отфрлање на иницијативите е донесена со мнозинство гласови на судиите.
На собраниската седница одржана на 18 јануари 2016 година беше донесена Одлука за распуштање на Собранието на РМ. Во членот 1 е наведено дека Собранието на РМ се распушта, а во членот 2 дека оваа Одлука влегува во сила со денот на објавувањето во Службен весник на РМ (21 јануари 2016), а ќе се применува од 24 февруари 2016 година.
Трајанов во денешното соопштение до медиумите наведува дека Парламентот на 18.01.2016 година донесе Одлука за негово распуштање, но наместо да стапи во сила веднаш и се спроведат избори во рок од 60 дена, примената е одложена да стапи на сила на 24 февруари , односно 60 дена пред изборниот ден за 24 април, за кога само начелно се закажани предвремените парламентарни избори.
- Датумот не е сигурен бидејќи претходно е условен со други обврски кои треба да бидат спроведени согласно Пржинскиот договор, а тоа може да произведе и друг одложен датум на одржување на избори, се додека не се исполнат сите услови, вели во соопштението Трајанов.
Ново на Сител
-
Приведени 7 полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот