Loading Video...
Свет
19. March 2025 - 16:37

Преглед на вестите од светот

Украинскиот претседател  ја обвини Русија дека  продолжува да напага  енергетски капацитети  и покрај ветувањето од  Путин дека   војската  ке избегнува такви цели 30 дена, почнувајки од синоќа.

По разговорот на путин со американскиот претседател Доналд Трамп, кога Путин рече дека наводно дава наредба да се запрат ударите врз украинскиот енергетски сектор, имаше 150 беспилотни летала во текот на ноќта, вклучително и енергетски објекти  на мета. ако русите не ги погодат нашите предмети, ние дефинитивно нема да ги погодиме нивните објекти порача Володимир Зеленски, претседтаел на Украина. 

Реагираше   министерсвото за одбрана на Русија. Руската војска мораше да ги собори сопствените беспилотни летала за да ја исполни наредбата на претседателот веднаш да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на украина, што тој ја издаде по телефонскиот разговор со неговиот американски колега Доналд Трамп во вторникот. Украина е таа што ја поткопува привремената пауза на нападите врз енергетската инфраструктура со тоа што во текот на ноќта извршила напад со дрон врз складиште за нафта во јужниот дел на Краснодар,  се вели во соопштенето на руското миниестрвото за одбрана. Путин и Трамп вчера се договорија дека русија 30 дена нема да ја напага уркаинскаат енергетската ифраструкурта , бидејки   Путин не го прифати предлот на САД за целосен прекин на огнот на 30 дена  што  Трамп го сметаше за прв чекор кон постојан мировен договор. Белата кука соопштија  дека разговорите со двете завојувани страни ке продолжат. 

Српското собрание на денешната седница ја потврди оставката на премиерот Милош Вучевиќ. Со констатирање на оставка на премиерот, владата станува техничка, а рокот за избор на нова влада е 30 дена, претседтаелот на Србија одлучува кој ке бидие мандатар а новата влада треба да биде формирана до 18 април на полноќ. Соколку не се избере влада во предвидениот рок , автоматски се распишуваат предвремени избори.  Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на 28 јануари, по напад врз студентите во блокада во Нови Сад. 

Турската полиција го уапси градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, популарен опозициски лидер и клучен ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, како дел од истрагата „за корупција и врски со тероризам“.  Вчера пак  универзитетот во истанбул ја поништи дипломата на Имамоглу . според турските закони, без валидна факултетска диплома, имамоглу не може да се кандидира за претседател .За неколку дена опзоцијата требаше да го избере Имамаглу за  свој кандидат на следните претседателски избори. во меѓувреме, гувернерството на Истанбул соопшти дека воведува четиридневна забрана за јавни собири и протести, почнувајќи од денеска  за да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“