Успешна ендоскопска трансназална операција на државната неврохирургија со примена на систем за невронавигација
Пред неколку денови на ЈЗУ Универзитетската клиника за неврохирургија Скопје, неврохирургот д-р Владимир Рендевски заедно со д-р Ана Тримоска Радевска која е спец. оториноларинголог од ЈЗУ Градска општа болница ,,8-ми септември Скопје извршија ендоскопска трансназална операција (преку нос) кај 40 годишен пациент со тумор на хипофизата, со помош на систем за невронавигација.
-Невронавигацијата како напредна технолошка алатка, е систем кој овозможува прецизно и безбедно водење на врвот на хируршкиот инструмент од раката на хирургот, во однос на анатомските структури на черепот и мозокот, кои апаратот ги превзема од сликите од компјутерската томографија или магнетната резонанца, објаснува д-р Рендевски.
За таа цел, како што посочува неврохирургот Рендевски, се прави најпрво предоперативно мапирање на одредени референтни точки на черепот и лицето на пациентот, а потоа со посебни математички алгоритми, софтверот на апаратот врши спојување на движењето на инструментот со неподвижните анатомски делови од мозокот и черепот добиени од предоперативните снимки, со цел да се направи прецизно отстранување или намалување на патолошкиот процес (најчесто тумор), без да се направи оштетување на здравите околни структури.
Со оваа најнова технологија, која ја поседува ЈЗУ УК за неврохирургија во Скопје, голем дел од пациентите со комплексни тумори на мозокот кои досега беа испраќани за лекување во странство, ќе можат да бидат третирани во македонскиот здравствен систем.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски