Усмртен добиток од струен удар во штала во Тетово
Две лица од Тетово претрпеле струен удар, а бик и коза биле усмртени во вчерашниот инцидент што се случил во штала во изградба во кругот на поранешниот Воспитно-поправен дом во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите информации, тетовецот Р.Р.(52), кој подоцна го пријавил случајот, околу 19 часот ја отворил влезната врата од шталата и почувствувал мал струен удар, а веднаш потоа биле усмртени неговиот бик и коза кои во меѓувреме влегле внатре во шталата.
Бикот и козата се обидел да ги спаси Л.Р.(52) кој се грижел за добитокот, но и тој почуствувал струен удар. Исплашен за неговиот живот Р.Р. го врзал со јаже за ногата и го излекол надвор. За среќа и двајцата поминале без посериозни здравствени последици. Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за струјните удари во објектот, околностите во кои се случиле и се друго поврзано со тоа, информира Јосифовски.
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура