Условите за грантови ги исполнија 133 ресторани за свадби
– Владата на денешната седница го разгледа и го усвои Извештајот за реализација на Програма за поддршка на угостителскиот сектор во Република Македонија во рамките на економските пакети за поддршка за справување со последиците од КОВИД кризата која се реализираше во периодот ноември и декември 2020 година со буџет од 60.000.000,00 денари.
Според информацијата заклучно со 04.12.2020 година, до Министерството за економија преку платформата www.domasiedoma.gov.mk пристигнале вкупно 238 апликации за грантови за ресторани за свадби, од кои 133 ги исполнија условите од јавниот повик и беа искористени средства во износ од 55.740.000,00 денари.
Со оваа програма беа опфатени и игротеките со вкупен буџет од 153.000.000,00 денари. На јавниот повик за поддршка на игротеките пристигнаа вкупно 119 од кои 81 ги исполнија условите и беа искористени средства во износ од 13.710.000,00 денари.
Владата на 64-тата седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за поднесување кандидатура на Република Македонија за прием во полноправно членство во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА, и го задолжи Министерството за надворешни работи, во соработка со Министерството за образование и наука, да ја спроведе постапката за подготовка на апликацијата за прием во полноправно членство во ИХРА.
Ново на Сител
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин
-
ДКСК: Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско
-
Одобрени првите кредити на компаниите од унгарскиот заем