Уште една жртва од Kовид-19 во Дебар, во болницата хоспитализирани 32 пациента
Во Дебар како последица од Ковид-19 почина уште едно лице, што е осма жртва овој месец.
Станува збор за повозрасен пациент, жител на Дебар, кој во Ковид-центарот бил хоспитализиран две седмици и бил на кислородна поддршка.
Во меѓувреме нагорната линија на заразени не запира, а со самото тоа и потребата од хоспитализации.
-Моментно во нашата установа имаме 32 пациента, повеќето на кислородна поддршка. Во Ковид-центарот во инфективното одделение болнички се третираат 19, од нив 18 на кислородна поддршка. Во хируршкото одделение, кое од пред три дена е пренаменето за ковид пациенти, хоспитализирани се 13, од кои осум се на кислородна поддршка, потврди за МИА, Баки Алили, директор на Општата болница со проширена дејност.
Епидемиолошката состојба е речиси идентична и во Дебар и во општина Центар Жупа, подрачје кое со здравствена заштита го покрива оваа институција.
Алили посочува дека 20 отсто од хоспитализираните се лица до 45-годишна возраст, додека од вкупниот број дури 80 отсто се невакцинирани. И меѓу заразените и меѓу оние кои се на болнички третман има иселеници, кои летниот одмор го минуваат во родниот крај.
Според него, во здравствени установи во Скопје се хоспитализирани три лица од ова подрачје, додека во дебарската болница во просек дневно амбулантски се лекуваат триесеттина лица.
Денешните официјални податоци говорат дека на ова подрачје вирусот е потврден кај 28 лица или 247 овој месец, при што 67 се последните три дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Герасимовски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии