Македонија
24. November 2015 - 14:47

Уште една сообраќајна несреќа - Усмртен пешак во Тетово

Сообраќајна несреќа во која е усмртен пешак се случила денес околу 11 часот и 50 минути, на Булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово.
 
Во несреќата, информираат од СВР Тетово учествувале товарно моторно возило „Мерцедес вито“ со тетовски регистерски таблици што го управувал 48-годишниот С.А. од Тетово  и пешак J.Ѓ. на возраст од 57 години, исто така, од Тетово, а кој ја преминувал улицата од едната на другата страна, надвор од  обележан пешачки премин.
 
Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди и од возачот на „Мерцедесот“ со друго возило веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде набрзо им подлегнал на повредите.
 
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршија увид на местото на несреќата и се утврдуваат причините, околностите и се друго поврзано со оваа сообраќајна несреќа, додека по наредба на јавниот обвинител врз безживотното тело на пешакот ќе се изврши обдукција.