Сиљановска Давкова се сретна со адмирал Стјуарт Манч, командант на Здружената команда на НАТО во Неапол
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација на Сојузната здружена команда на НАТО во Неапол, предводена од адмирал Стјуарт Манч, кој со своите колеги престојува во земјава по повод 5–годишнината од членството на нашата држава во НАТО. На средбата присуствуваше и амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
Како што посочуваат од Кабинетот на претседателот, истакнувајќи ја својата благодарност за нивното присуство на значаен јубилеј за државата, претседателката Сиљановска Давкова рече дека од двете стратешки цели за кои постоеше консензус, првата - НАТО е реалност, а не гледа причина и втората - ЕУ да не се оствари.
И во овој тежок и тажен период низ којшто поминуваат македонските граѓани, како што рече, за нас беше многу важно да знаеме дека не сме сами и дека нашите пријатели, меѓу кои и НАТО, и во најтешките моменти се со нас.
Изразувајќи сочувство за огромната загуба во трагедијата во Кочани, адмиралот Манч рече дека државата, но и сите други земји коишто помагаат ја препознале важноста од брз одговор на кризата.
Соговорниците се заложија за понатамошна соработка во рамките на Алијансата при што адмиралот Манч се заблагодари за македонскиот придонес во бројните мировни мисии, со коишто се здоби со заслужен респект.
Претседателката изрази подготвеност македонската Армија и понатаму да биде дел од НАТО мисиите заради придонес во зачувувањето на регионалната, но и глобалната безбедност.
На средбата стана збор и за состојбите на Балканот и обајцата се согласија дека регионот и понатаму се соочува со бројни безбедносни предизвици, особено врзани за спорот меѓу Косово и Србија, како и состојбата во Република Српска, односно Босна и Херцеговина.
Посочувајќи дека НАТО останува посветен на одржување на безбедноста на регионот, адмиралот Манч, на крајот истакна дека безбедносните предизвици полесно ќе се надминат ако во нивното решавање заедно учествуваат Алијансата и Европската Унија.
Ново на Сител
-
Приведено лице од Кавадарци, возел пијан - а имал забрана за управување возило
-
Ѓоковиќ за проблемот со очите во финалето во Мајами: Не сакам ова да звучи како изговор
-
Во Србија треба да почнат консултации за формирање влада
-
Трамп: Американските царини ќе ги опфатат сите земји
-
До петок повремени врнежи
-
Приведено лице, возело 173 километри на час на автопатот Гостивар - Тетово
-
Приведен бегалец од затвор, вратен е во КПУ Идризово
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата „Рубикон“?