Уште една кривична за Мерко: Именувал библиотекар за директор на основно училиште
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(67) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тој, во својство на градоначалник на општина Струга, на 30.05.2018 и на 01.04.2024 донел решение со кое А.О. од струшкото село Подгорци, од библиотекар го именувал за директор на основното училиште во истото село. Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, соопшти МВР.
Овие неправилности биле утврдени при контрола на Државниот просветен инспектор, извршена на 20.06.2024, при што дополнително било констатирано дека пријавениот Р.М., после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор со што, на А.О. противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување
-
Совети за поцврста врска
-
Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-
Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра
-
ЗНАМ ја промовираше Националната платформа за македонско национално единство и црвените линии
-
ЕУ го усвои 15. пакет санкции против Русија