Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека „ниту божиќните празници кои се ближат не можат да го ублажат воинственото расположение во Брисел“, пренесоа унгарските медиуми.
Петер Сијарто го објави коментарот пред последниот годишен состанок на неговите колеги од Европската унија во Брисел, додавајќи дека предлозите на агендата на состанокот одразуваат дека „мнозинството сè уште не ја гледа новата реалност“.
- Иако на маса беше ставена можноста за примирје и размена на воени заробеници, тие сепак сакаат да доделат над шест милијарди евра за оружје за Украина.
Тие ја притискаат Украина да испрати 18-годишни момчиња на фронтот и санкционираат грузиски политичари затоа што грузиските гласачи се осмелија да изберат влада за суверенитет, рече Сијарто.
Министерот рече дека очекува „голема борба“ за време на состанокот, но додаде дека „унгарската влада стои на своите про-мирни позиции, дека на Украина и треба прекин на огнот, а не дополнително вооружување“.
Ново на Сител
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН
-
Одредени се сите парови за плејофот во Лигата на шампионите
-
Албанец со автомобил пробал да прошверцува 21 килограм свежа пастрмка во државава