Македонија
24. November 2025 - 12:35

Уште еден пријавен случај на силување на малолетничка, овој пат во Скопје

По ужасната вест за силување на 12-годишна малолетничка во Охрид, од МВР информираат дека вчера 16:30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од Скопје пријави дека на 04.10.2025 во Скопје, малолетник извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од министерството.