Уште еден брачен пар загина кога автомобилот им влета во езерото Калиманци

Брачен пар од селото Дулица во Општина Македонска Каменица го загубил животот во водите од езерото Калиманци вчера доцна попладне.
Полицијата ја потврди веста за трагедијата, а дежурниот лекар од Итната медицинска служба во Делчево информира дека безживотно тело е донесено во Итната медицинска служба. Врз телото синоќа се вршеше обдукција со цел да се утврдат причините кои довеле до смрт.
Настанот се случил вчера околу 16 часот. Според првичните информации автомобилот марка „форд“ и беживотното тело на 30- годишната жена на површината на водата ги забележал полицаец, кој патролирал на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица. Засега нема потврда дали е пронајдено телото на сопругот, кој се претпоставува дека го возел автомобилот.
Според информацијата од жители на Македонска Каменица, возилото излетало на делот на магистралниот пат во близина на приклучокот на локалниот пат кон селото Дулица. Не се знае дали сега загинатите се враќале кон селото или излегувале.
Повеќе информации за денешната трагедија надлежните од полицијата најавија за денеска.
Ново на Сител
-

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите
-

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради имот
-

Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали
-

Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар
-

Истражување: Повеќето жени во Германија се чуствуваат небезбедни на јавни места
-

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција
-

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)
-

Прв лет Скопје - Мадрид
