-->
-->
УС Опен: Лошо време во Њујорк - нема тенис
-->

Женските полуфинални мечеви на Отвореното првенство на САД во тенис се одложени за попладнево поради лошото време кое беше пречка за одигрување на дуелите синоќа за кога беа планирани. Инаку, синоќа се одиграа само неколку мечеви двојки.
Според новата програма за денеска најпрви на главниот терен „Артур Еш“ ќе се појават втората носителка Симона Халеп и Флавија Пенета, а победничката од овој меч ќе го избори своето прво финале на УС Опен. Следен меч ќе биде дуелот на првата носителка Серена Вилијамс и Роберта Винчи, а Вилијамс ќе се обиде да оствари уште две победи (полуфинале и финале) и да ги освои сите четири грен слем титули во една календарска година.
Во првото машко полуфинале ќе играат: Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ (Ѓоковиќ има скор од 13-0 во меѓусебните дуели), додека во второто машко полуфинале ќе играат швајцарските тенисери Рожер Федерер и Стан Вавринка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
