Ураганот Мајкл ја погоди Флорида

Ураганот „Мајкл“ погоди област во близина на Мексико Бич во сојузната држава Флорида, со сила на ураган од четврта категорија, соопшти Националниот центар за урагани.
Ураганот предизвика смртоносни бранови, носејќи со себе ветровите од 250 километри на час.
Силните ветрови на ураганот уништија неколку објектите во градот Панама Сити бич.
Ураганот „Мајкл“ претходно денска се претвори во ураган од четврта категоријата пред да ја погоди Флорида, а 500.000 луѓе беа советувани да се евакуираат.
- Помина времето за евакуација по должината на брегот, напиша гувернерот на Флорида Рик Скот на Твитер, и додаде: „Ако одлучите да останете во областа за евакуација, веднаш треба да побарате засолниште".
Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба на цела Флорида.
Градоначалникот на Апалачикола Ван Џонсон рече дека, во градот, кој најверојатно ќе биде најсилно погоден од ураганот, евакуацијата е задолжителна.
-Мојата најголема загриженост е тоа што некои луѓе дури сега почнаа сериозно да ја сфаќаат оваа бура и да се евакуираат, рече Џонсон за Си-Ен-Ен.
- Се надевам дека другите што не донеле таква одлука ќе можат да заминат додека патиштата се проодни и пред да се затворат мостовите, вели Џонсон.
Ново на Сител
-

Лидерите на ЕУ не постигнаа консензус за користење на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина
-

Вучиќ: Се води хибридна војна против Србија, постојат шанси за влез во ЕУ до 2030 година, но проблемот е Косово
-

Без струја делови од Кисела Вода, Центар, Шуто Оризари, Студеничани и Бардовци
-

Викендов почнува зимското сметање на времето
-

Облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд
-

Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 120
-

Милосим Војнески се повлекува од изборната трка за градоначалник на Македонски Брод
