Бизнис
22. March 2022 - 20:23

УПОЗ најавува протест доколку нема усогласување со минималната плата

Владата не преговара ниту со синдикалците од управата и правосудтсвото. По СОНК и УПОЗ се жалат дека разговорите за усогласување на платите со новата минимална плата од непознати причини се во застој. 

Тоа значи дека работниците од овие дејности нема да добијат покачување во април. Со оглед на тоа дека треба да се сменат дваесетина закони за платите да се регулираат, за што веќе нема време, протестот е се поизвесен.

Голем дел од вработените во управата и правосудството и досега земаа плата под минималната, а од април состојбата ќе биде апсурдна, велат синдикалците.

Денеска од Владата не ни одговорија зошто нема преговори со Синдикатот, ниту пак кога се планира тие да продолжат.