Уникатни парчиња облека од хартиени кеси направени од австралиска танчерка
Австралиската танчерка Ешли Пери, која инаку работи на крстосувачот „МС Заадам“, ги почести своите следбеници со доста уникатни и оригинални парчиња облека направени од хартиени кеси.
Нејзиниот брод, како и обично, требало да отпатува од Австралија, покрај Антарктикот, се до Јужна Америка, додека Пери го прави тоа што најмногу го сака – танцувањето. Но, пандемијата на коронавирус ги промени сите планови и таа останала заглавена среде Јужниот Океан. После една подолга поморска одисеја, уметничката по цели два месеца се врати во својата татковина.
Од нејзиниот роден град Перт, од собата за карантин во која се нашла, таа сепак пронашла начин како креативно да се изрази себе си… Оброците во собата ги добивала во хартиени кеси. Таа ги собирала и од нив направила цела „линија модни креации“, па потоа лично, како модел, ги претстави пред својата интернет-публика. – Патем, јас сум креативна личност. Ја сакам уметноста, која и малку ја изучував на факултет. Очигледно, сите имаме многу заедничко кога се работи за танцување, глума и дизајн на костими, вели Пери. Карантинот, сепак, не ѝ бил воопшто лесен, но како што вели – вака барем си го направила времето покреативно и забавно на свој начин.
Ново на Сител
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола
-
Екс американскиот амбасадор во Белград: Бомбардирањето на Србија беше грешка
-
18-годишник од Скопје обљубил малолетничка
-
Полицаец во дебарско враќајки го пиштолот од кој предходно пукал во футрола, си ја повредил ногата
-
Трамп очекува заложниците на Хамас да бидат ослободени в понеделник
-
Милевски: Освоивме голем бод против фаворитот Белгија
-
Ѓорѓиевски: „Скопје – град на слоеви, град на култура“ - проекти за Аквадуктот, Скупи, Чаршијата и Калето