УН: Хуманитарната помош во Појасот Газа сè уште доаѓа преспоро

Над 37.000 тони хуманитарна помош на Обединетите нации влегле во Појасот Газа од почетокот на примирјето на 10 октомври, изјави портпаролот на ОН, изразувајќи жалење поради бавниот напредок во отстранувањето на пречките, и покрај одреден напредок.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека „и покрај значителниот напредок во засилувањето на хуманитарните операции, итните потреби на населението остануваат огромни, а пречките не се отстрануваат доволно брзо од почетокот на примирјето“, изјави Фархан Хак, заменик-портпарол на Генералниот секретар на ОН.
- Од почетокот на примирјето до понеделник, ОН и нејзините партнери собрале повеќе од 37.000 тони помош, главно храна, на граничните премини во Газа, појасни Хак, нагласувајќи дека ова не ја вклучува билатералната помош или помошта од комерцијалниот сектор.
Влезот во Газа останува ограничен на само два премини, без директен пристап меѓу Израел и северна Газа, или меѓу Египет и јужна Газа. Некои залихи и персонал на невладините организации сè уште не можат да влезат, додаде Хак.
Овие 37.000 тони се сè уште далеку од 190.000 тони хуманитарна помош (храна и лекови) кои ОН ги поставиле надвор од Газа пред почетокот на 60-дневниот план, започнувајќи од примирјето, со цел да им се помогне на жителите на територијата опустошена од двегодишната војна, предизвикана од терористичкиот напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври.
МИА
Ново на Сител
-

Шефот на СЗО апелира до Трамп: „Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи“
-

Санкционирани 134 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-

Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови
-

Мечка нападнала маж додека собирал печурки во прилепско, со тешки повреди пренесен во Скопје
-

Aлкараз повторно e прв светски рекет
-

Анкета: Младите во Македонија поделени околу европската перспектива на земјата
-

Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен
-

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра
