-->
-->
Украл куче па бегајќи го удрил сопственикот со возило
-->

Полицијата во Струмица го привела 57-годишниот С.В. од село Дабиле, кој се сомничи дека вчера околу 19 часот одзел куче од 64-годишниот И.М. од село Николиќ, Општина Дојран. При бегството, тој го удрил оштетениот со возилото.
Струмичанецот беше фатен еден час подоцна на „Дојранска крстосница“, каде било пронајдено одземеното куче, кое му било вратено на сопственикот.
Јавниот обвинител од ОЈО Гевгелија е информиран за настанот, а по документирање на случајот, полицијата ќе поднесе пријава против С.В.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Италија прв финалист во Дејвис купот
-

Трамп разговараше со Мамдани за трошоците за живот во Њујорк, го оценија состанокот како продуктивен
-

Без струја ул „Партение Зографски“ во Центар
-

Најмногу дожд во Лазарополе и Гевгелија
-

Венс: „Фантазија“ е да се помисли дека Украина може да победи со повеќе пари и оружје од САД
-

Доделување на државната награда „22 Ноември“
-

Мицкоски ќе се обрати на свечена седница по повод Денот на албанската азбука
-

Белгија не е задоволна од ветените „гаранции“ за користењето на замрзнатите руски средства
