Украинскиот министер за одбрана е сменет од функција
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, под притисок поради корупциски скандал во неговото министерство, ќе биде преместен на друга позиција во владата, изјави синоќа претседателот на клубот на претставници на партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Давид Арахамиа, претседател на клубот на претставници на партијата Слуга на народот, рече дека Министерството за одбрана ќе го води Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка агенција ГРУ. Тој не прецизираше кога одлуката ќе биде формализирана.
„Војната диктира промени во кадровската политика“, напиша Арахамија на Телеграм.
„Времињата и околностите бараат зајакнување и прегрупирање. Ова се случува сега и ќе продолжи да се случува во иднина... Непријателот се подготвува за офанзива. Ние се подготвуваме да се одбраниме и да го вратиме она што е наше“.
Ново на Сител
-
Кочовска во Турција
-
Законот за енергетика во Собранието
-
Работата од дома најпопуларна кај Германците и Финците
-
Првиот човек на белгиската Армија бара прогласување на „кризна состојба“
-
Тринаесет лица киднапирани и убиени во Перу, работеле за компанија за копање злато
-
Во Ниш ќе се одбележи Денот на македонскиот јазик
-
Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени пет лица
-
Телескопот „СФЕРЕКС“ на НАСА почна со целосно мапирање на небото