Украинската вицепремиерка вели дека Русите заробиле 1.700 Украинци, вклучувајќи 500 жени
Русија и проруските сепаратисти заробија 1.700 луѓе, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
Во интервју за „Ројтерс“, таа рече дека меѓу заробените има 500 жени. Вели дека се принудени да стојат, дека им се избричени главите и дека мораат да се соблекуваат секојдневно „поради преглед“.
„Тие го газат човечкото достоинство. Слушнав информации за силувања, скршени кичми… Сакаат да се плашиме, сакаат да плачеме и да бидеме жртви, но не сме. Нашите девојки и жени бараат од нас да продолжиме да се бориме“, рече таа. Верешчук е задолжена за преговорите за размена на заробеници со Русија и хуманитарните коридори од опколените градови.
Таа завчера најави трета размена на заробеници со Русија, со што обезбедила ослободување на 26 Украинци, меѓу кои и 10 жени. Русија постојано негира дека извршила какви било воени злосторства.
Ново на Сител
-
Украина: 1100 ракети беа истрелани врз нашата енергетска инфраструктура оваа година
-
Царината запленила 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен | ФОТО
-
Нова акција на МВР во Арачиново, пронајдено големо количество оружје
-
5 клучни работи кои треба да ги проверите, пред да изберете мајстор!
-
Политико: Третата светска војна веќе е во тек - во Украина
-
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-
Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов
-
Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за упокојувањето на митрополитот Тимотеј