Свет
18. December 2024 - 8:47

Русија: Го уапсивме човекот кој го уби генералот Кирилов

Шефот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита - генерал-полковник Кирилов и неговиот помошник - мајор Поликарпов загинаа во експлозија вчераутро во Москва.

За убиството е приведен дваесет и деветгодишен државјанин на Узбекистан, соопшти денеска руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).

„Како резултат на нашите заеднички оперативно-истражни дејствија со Министерството за внатрешни работи и Истражниот комитет на Русија, државјанин на Република Узбекистан, роден 1995 година, кој поставил импровизирана експлозивна направа во станбена зграда на Рјазански проспект во Москва, е идентификуваа и приведен"

Според информациите од руските власти, осомничениот признал дека бил регрутиран од украинските разузнавачки служби. Му ветиле 100.000 долари и азил во земја на ЕУ, соопштија од прес-центарот на ФСБ Осомничениот е предаден на истражителите, соопшти Истражниот комитет на Русија.