Украинците го погодија Белгород, градот со 320.000 жители остана без струја
Во рускиот град Белгород и околните области синоќа имаше прекин на електричната енергија, откако во украински напади беше оштетена регионалната енергетска инфраструктура, потврди гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, пишува “Еуромајдан прес“.
Во Белгород, главниот град на регионот што граничи со Украина, живеат над 320.000 лица.
Нападот уследил по сè почестиот модел на украински напади врз руската енергетска и нафтена инфраструктура, кампања што Украина ја засили во последните месеци.
Во видео изјава, Гладков објасни дека нападот предизвикал штета на електричната мрежа и дека екипите за итни случаи биле испратени на терен за поправки. Тој додаде дека неколку болници се префрлени на резервни генератори за да се обезбеди непречено работење.
Гувернерот не ја прецизираше точната локација на нападот или обемот на штетата, наведувајќи дека регионалните службеници сè уште ја проценуваат ситуацијата на терен.
Меѓутоа, на локалните канали на Телеграм претходно беше објавено за експлозии во трафостаницата Луч во Белгород, што укажува дека таа можеби била цел на нападот, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.
Во текот на 2025 година, Украина постојано ги гаѓаше енергетските објекти во Белгород. Кон крајот на септември, украинските сили наводно ги гаѓаа термоцентралата од 60 мегавати во градот и трафостаницата Луч, привремено прекинувајќи ја струјата во делови од регионот.
Од друга страна, Русија, во последните неколку недели, исто така, ги засили нападите врз украинската енергетска мрежа. На 3 октомври, Москва го изведе еден од најголемите напади врз гасната инфраструктура на Украина од почетокот на инвазијата, гаѓајќи ги производствените и преносните објекти во неколку региони.
МИА
Ново на Сител
-
М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори''
-
Фатени на камера лицата кои оставаат куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата ги идентификуваше| ВИДЕО
-
Маж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје
-
Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија
-
Светските лидери го поздравија договорот меѓу Хамас и Израел
-
Од почетокот на годинава 18.458 санкционирани возачи за возење без возачка дозвола
-
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана
-
Семејства на израелските заложници го поздравија договорот за нивно враќање