Украина со дронови нападна рафинерија во близина на Санкт Петерсбург
Во една од најголемите руски рафинерии за нафта во градот Кириши во близина на Санкт Петерсбург избувна пожар по украински напад со беспилотни летала, потврди денеска гувернерот на регионот Александар Дрозденко.
Пожарот во индустриската зона на градот Кириши е изгаснат, а противвоздушната одбрана собори седум беспилотни летала, објави Дрозденко на Телеграм.
Ова е втор напад врз рафинеријата за неколку недели. Во Кириши, кој се наоѓа 800 километри северно од Украина, е лоцирана рафинеријата Киришинефтеоргсинтез, позната и како Кинеф, која е во сопственост на нафтената компанија Сургутнефтегас.
Со капацитет за преработка од околу 20 милиони тони нафта годишно, таа е еден од најголемите нафтени капацитети во Русија.
Извешати за предизвикана штета од украински дронови се пријавени и во јужниот руски регион Воронеж. Гувернерот Александар Гусев напиша за оштетување на покривот и прозорците на индустриска зграда, но не соопшти дополнителни детали.
Руската војска објави дека соборила 117 украински беспилотни летала во текот на ноќта
МИА
Ново на Сител
-
Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас
-
Приведени шест возачи за управување со возило под дејство на алкохол
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот