Украина го легализираше биткоинот
– Украина е петта земја во изминатите неколку недели која воспостави некои основни правила за пазарот на криптовалути.
Украинскиот Парламент речиси едногласно усвои закон со кој се легализираат и регулираат криптовалутите. Законот, кој беше донесен во 2020 година, сега треба да го потпише претседателот Володимир Зеленски.
Досега, криптопазарот во Украина функционираше во сивата зона, при што на граѓаните им беше дозволено да купуваат и разменуваат виртуелни монети, но компаниите и берзите кои се занимаваат со криптовалути честопати беа под контрола на финансиската полиција.
До 2022 година, Украина планира да отвори пазар за криптовалути за компаниите и инвеститорите, пишува „Киев пост“.
Новиот закон предвидува одредени мерки за заштита од измама за иматели на биткоин и други криптовалути, а пратениците во Врховната рада ја дефинираа и основната терминологија во светот на криптовалутите, како што се термините виртуелна сопственост, дигитален паричник, приватни клучеви, итн.
За разлика од Ел Салвадор, кој оваа недела го усвои биткоинот како легално средство за плаќање, украинскиот крипто-закон не значи воведување на биткоин како платежно средство, ниту пак го става на еднакво рамниште со националната валута на земјата – гривна.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати