-->
-->
Украден пиштол и златен накит од стан во Скопје
-->
Во периодот од 30.08 до 12.09 на улицата „Њуделхиска“ во Скопје, во станот на 42-годишниот Д.Д. непознат сторител извршил тешка кражба. Крадецот со употреба на тврд предмет насилно ја отворил балконската врата, влегол внатре, извршил пребарување по собите и одзел еден пиштол марка „ЦЗ“ калибар 7,65 мм и златен накит. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Награди „Војдан Чернодрински“
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Кривична одговорност и за Тошковски и Јанев
-
Меџити: Повлечете ги парите од онлајн казината
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историчарите од Македонија и Бугарија
-
Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-
Преглед на вестите од светот