Македонија
26. April 2023 - 10:06

Украден електричен тротинет во Градски парк, пронајден сторителот и украденото вратено на сопственикот

Министерството за внатрешни работи информира дека на 25.04.2023 во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Д.А.(18) од Скопје. Тој се сомничи дека на 24.04.2023 во Градски парк одзел електричен тротинет од 20-годишник од с.Марино, општина Илинден.

- Д.А. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.