Македонија
25. јуни 2024 - 12:29

До петок нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер над 60 километри на час

Под влијание на исклучително нестабила воздушна маса, до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град, соопшти УХМР.

Дневната температура постепено ќе опаѓа. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време. 

Во Скопје до петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град.

УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.