УЈП: Граѓаните до 30 јуни може да се откажат од дадената донација за Ковид-19 преку „МoјДДВ“
Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 156/20, во тек е поставување на опција за откажување на донацијата во апликацијата „МојДДВ”, информира директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Со поставување на оваа опција, граѓаните кои погрешно го донирале својот поврат на ДДВ за периодот јануари – март 2020 година, ќе имаат можност да го променат одговорот, односно да се откажат од донацијата, се‘ додека е отворена опцијата за избор во апликацијата, но најдоцна до 30.06.2020 година.
Со ова, износот на делот на данокот на додадена вредност за кој се стекнале со правото на враќање за првото календарско тримесечје во 2020 година ќе им биде исплатен на трансакциската сметка најдоцна до 30 јули 2020 година.
Ново на Сител
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот
-
Димовски: Немало организирано следење на Мицкоски
-
Пуштена во употреба делницата Климештани - Охрид, долга 17 километри
-
Предизборни партиски ветувања за подобар живот во општините