УЈП го продолжи рокот до 25 март за поднесување на неколку даночни биланси
Управата за јавни приходи денеска соопшти дека до 25 март е продолжен рокот за поднесување на даночните биланси за одданочување на добивка, за вкупен приход, за приходи и расходи, за непрофитни организации, како и Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност.
– Согласно препораките на Владата на Република Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на COVID-19 (корона вирус), како и барањата на сметководителите за пролонгирање на рокот за поднесување на пријавите и одлуката на Централниот регистар за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка, Управата за јавни приходи информира дека рокот за поднесување на обрасците “ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” и “Б, се продолжува заклучно со 25 март 2021 година (четврток). Овој рок се однесува и на другите обрасци за кои што рокот за поднесување е заклучно со рокот за поднесување на годишна сметка односно даночниот биланс, велат од УЈП.
До 25 март се продолжува и рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2020.
Ново на Сител
-
Во израелски напади во Појасот Газа загинале 38 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Кривична пријава против три физички и две правни лица, го оштетиле државниот буџет за 5,768,612 денари
-
Папата Франциск во пораката за Светскиот ден на мирот повика на простување на долговите и на помирување
-
Андоновски: Фокусот не треба да биде на забрана на апликациите, туку на едукација на децата и родителите
-
Брисел воведува нова рамка за собирање и доставување информации за авиопатниците што влегуваат во ЕУ
-
„Гугл“ ја засили борбата против злонамерни мрежни следачи
-
ДКСК повикува на транспарентност и анализа при донесување на измените на Законот за јавни набавки