Македонија
12. December 2024 - 17:03

Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД

Груби реши да се повлече од ДУИ, тврди дека е чист како солза, но не сака да и биде на товар на партијата. Откако беше ставен на црната листа на САД, а неговиот лидер Ахмети не сакаше да се откаже од него се дури не се потврди дека бил вмешан во корупција, Груби самиот одлучи да отстапи од неговата матична партија со децении, но и од јавниот живот.

„Ова е тешка одлука, но неопходна за мир на моето семејство и зачувување на мојот личен и политички интегритет, како и за поддршка на континуитетот на работата и посветеноста на нашиот лидер Али Ахмети, Јас пред Бога, семејството и пријателите сум чист како солза, Но, со намера да придонесам за вистината, која многумина од вас гледам дека веќе ја знаете, а за да не бидам ничив политички товар, решив да се повлечам од јавниот живот“

Иако апелациониот судија Беџети, не излезе со свој став што и тој покрај Груби се најде на американската црна листа, сепак Апелација по соопштение испрати дека ја поддржуваат одлуката на Стејт Департментот за прошируавање на црната листа, а за случајот одржале и седница.

„Апелациониот суд Скопје ја поддржува секоја заложба на надлежните државни институции за откривање и борба против евентуални случаи на висока корупција во судството, заради зачувување на интегритетот на судиите и судството во целина, но со почитување на начелото на презумпција на невиност“ велат од највисокиот суд.

За ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и СДСМ треба да одговараат за корупција и нивно влијание во судството дури биле на власт.

ДУИ и СДС 7 години го имаа запоседнато судството. Врвот на овие партии а најмногу Артан Груби влијаеле на судски одлуки. 7 години судска одлука не смееше да се донесе без одобрение на ДУИ и СДС.

Претседателката Силјановска за предлог законот за рестриктивни мерки со кој доколку лицата се најдат на црната листа на САД ќе им се забрани вршење на јавна функција во Македонија и учество во тендери, вели имала дилеми. Смета дека македонските институции постапуваат по допрен глас, а црната листа на САД ја смета за една од најрелевантните за да се започне постапка. И досега вели Обвинителството требаше да постапува по лицата кои се на американската црна листа.

Од Јавното обвинителство вчера информираа дека е оформен предмет за обезбедување на докази за евентулна кривична одговорност за Груби и судијата Беџети кои беа последно ставени на црната листа на САД. Ќе се истражува, кој плаќал и кој земал пари за влијание врз предметот со масовното прислушување.