Донација од Прилепска пиварница
Прилепска Пиварница донираше медицинска опрема вредна 600.000 денари за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп во рамките на кампањата „ Мовембер - На здравје, за машкото здравје“. Оваа компанија преку својот бренд Златен Даб месецот ноември го посвети на глобалното движење за подигнување на свесноста за редовна грижа за машкото здравје.
„Годинава, во духот на одбележувањето на 100 годишнината на Прилепска Пиварница одлучивме донацијата да ја направиме на Одделот за урологија во Општата болница во Прилеп и нашата грижа и солидарност за градот да биде пример кој треба да го следат и другите успешни компании“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска Пиварница.
Со донацијата од 600.000 денари итно беа набавени 2 комплетни цистоскопи.
„Имено ние во ендоскопската сала имавме опрема, но бидејќи долго време не беше набавена нова тоа се амортизираше и стигнавме да од неколку комплети на само еден комплет, од кој и тој беше скоро дотраен, практично и не гледаше. Значи постоеше можност или да промашиме во дијагностиката, значи ако гледате со половична опрема голема е шансата да не видите некое мало тумурче во мочен меур. Постоеше и ризик да го прекиниме дијагностициорањето на основните уролошки состојби, патолошки состојби кај нашите сограѓани“, истакна Трајче Јанкулоски, раководител на одделот за урологија при општа болница Прилеп.
Се препорачува секој маж со возраст над 50 години барем еднаш годишно да посетуваат превентивни прегледи кај уролог за рана детекција на голем број болести.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар