УХМР со нова прогноза за времето, еве што не очекува деновиве
Врнежи за изминатите 24 часа (во л/м 2 ): 1 Охрид, Скопје, Дебар, Крушево, Пожаране, 2 Претор, Маврово, Лазарополе.
Времето денес (09.09 2017 год.): Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Претпладне врнежите ќе бидат повеќе застапени во западните, а попладне во источните делови, каде ќе се полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени. УВ=5
Во Скопје температура до 27 °C.
Утре и во понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури. Во понеделник во текот на ноќта и во вторник претпладне, под влијание на нов влажен бран повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од земјава. Ќе дува и засилен јужен ветер. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и малку посвежо.
Ново на Сител
-
Освен физичко обезбедување на Центрите, УПОЗ бара и обезбедување на социјалните работници на терен
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома