Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
Законски основи кривично да се гони оној кој врши семејно насилство нема, освен ако жртвата не даде согласност. По случајот во Радовиш, каде на тикток видео се гледа, но и слуша како 35 годишник физички ја тепа неговата партнерка, беше приведен од полицијата, но жената не сакала кривично да го гони. Видеото било старо, а нејзината мајка го пријавила.
Но колку често жртвата на семејно насилство не пријавува во полиција? Најчести причини според дел од социолозите се стравот, но и срамот.
Професорот Тоновски меѓу причините ја додава и способноста на општеството и институциите да пружат заштита на жртвата, за што системот кај нас потфрла. Но вели ова не е случај само во Македонија, туку и во поразвиените земји.
Адвокатката Катерина Котеска Стисниовска, која застапува жени што преживеале насилство, вели дека никако пријавата и процесирањето на семејното насилство не смее да зависи од жртвата.
Во законодавството е нужно неопходно да ги примени начелата од ратификуваната Истанбулска конвенција според која водењето на ваква постапка не треба да зависи од волјата на жртвата.
Од МВР поднеле кривична пријава до Обвинителството.
Врз основа на преземените мерки, од страна на ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш на 25.03.2025 е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон. Продолжуваат да се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.
Од обвинителството велат дека испитуваат дали постои основ за негово задржување, бидејќи Јавното обвинителство и истражните органи имаат обврска да постапуваат единствено врз основа на докази во предметите.
Во меѓувреме на социјалните мрежи излезе видео од 35 годишниот радовишанец каде се заканува по животот, веројатно на мајката на неговата партнерка, што го пријави во полиција.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар