УХМР: Попладнево ќе истура, невремето ги зафати Тетово, Скопје и Лазарополе
Најтопло денеска беше во Гевгелија каде се измерени 42 степени. Во Демир Капија била измерена температура од 40 степени, во Струмица и Штип 38, во Битола, Тополчани и Прилеп 37, во Виница 36, во Скопје и Берово 34, во Претор и Охрид 33, во Тетово, Крива Паланка 32, во Ѓуриште и Пожаране 30 и во Маврово и Лазарополе 26 степени.
Времето претпладне беше сончево и топло. Попладне најпрвин на запад во Лазарополе започна дожд, а подоцна врнежи од не многу интензивен дожд има во Тетово и во Скопје Петровец. Грмежите започнаа попладнево на северозапад, а повремени грмежи има и доцна попладнево. Наместа и особено во Пелагонија и долж Повардарието дуваше и засилен ветер претежно од запад и северозапад. До 16 часот во Маврово, Тетово и Лазарополе наврна помалку од еден л/м2 дожд.
Вечерва времето ќе биде променливо, на југ уште многу топло, а на север и кон североисток со повремен дожд и со појава на поретки грмежи. Ќе дува повремено силен северозападан ветер. Повремено и во првиот дел од ноќта ќе има врнежи од дожд и во Скопскиот регион.
Утре времето ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд кон пладне и со појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престануваат. Ув индексот ќе изнесува 6. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а максималната од 21 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во вторник се уште ќе дува повремено засилен северен ветер, а ќе започне период на стабилно време со постепено покачување на температурата. За следниот викенд ќе има изгледи за нови врнежи и нестабилност.
Ново на Сител
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски