УХМР најавува снег за утре
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува засилен јужен ветер. Попладне во западните делови на Македонија ќе започнат врнежи од дожд. Кон крајот на денот и ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава, а на повисоките места и планините ќе поминуваат во снег.
Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени, Крива Паланка 8, Берово 7, Кавадарци 12, Битола 10, Охрид 9, Маврово 3, Дојран 14.
Во западните и северните делови од земјата утре ќе има повремени слаби врнежи од снег, а границата на снежните врнежи се очекува да се спушти и до 500 м.н.в. Попладне облачноста ќе се намалува. Дневните температури ќе бидат од 3 до 10 степени.
Во новата работна недела, односно во понеделник и вторник се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен северозападен и јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 6 до 16 степени.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт ќе оди со заеднички листи
-
Се планира довршување на заградите во капмпусот на УКИМ
-
20 години агенција за радијациона сигурност
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите