-->
-->
УЕФА: Жолт картон за играчи кои бараат ВАР
-->
Со жолт картон ќе бидат казнети сите фудбалери кои бараат ВАР, појаснува УЕФА.
Од Европската фудбалска централа објаснија дека секој играч кој протестира за примената на видео повторување ќе добие формално предупредување. Ова исто така ќе биде прикажано на оние играчи кои го повикуваат судијата побрзо да ја разгледа контроверзната ситуација на екранот.
– ВАР не е совршен, бидејќи е создаден од луѓе, изјави шефот на судиите на УЕФА, Роберто Розети.
ВАР сега се применува во повеќето топ првенства на континентот, а сега треба да влезе во употреба и во Лигата на шампионите за првпат во осминафиналната фаза.
Технологијата, исто така, им помогна на арбитрите за време на Светското првенство во 2018 година во Русија.
Се очекува судиите да се консултираат за спорни моменти и во Лигата на Европа и Лигата на нациите оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце