УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
Европската фудбалска конфедерација (УЕФА) потврди дека покренала истрага против Фудбалската федерација на Романија и Фудбалската федерација на Косово.
„Отворени се процедури по натпреварот од Лигата на нации меѓу Романија и Косово. Започнати се дисциплински постапки против романската федерација и косовската федерација, согласно член 55 од дисциплинската регулатива на УЕФА. Дополнителни информации за овие процедури ќе бидат достапни во догледно време“, напиша УЕФА во својот одговор.
Членот 55 вели дека процедурите ги отвора управата на УЕФА врз основа на официјални извештаи, кога има протест и на барање на Извршниот комитет, претседателот на УЕФА или генералниот секретар на УЕФА.
УЕФА сега назначи етички и дисциплински инспектор да се занимава со случајот.
Ново на Сител
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста
-
Калас утре во Скопје, Мицкоски убеден дека ЕУ ќе најде решение за македонската интеграција
-
Зибери: Институциите не реагираат навремено на препораките на омбудсманот
-
Преглед на вестите од светот
-
Прес-конференција на Коцевски